Празниците на овие хороскопски знаци ќе им донесат среќа во љубовта

|

Почетокот на декември носи вистинска љубовна магија. Во последните денови на 2021 година некои хороскопски знаци ќе доживеат вистинска романтика.

Кои хороскопски знаци ќе имаат среќа во љубовта?

Бик


Новогодишните празници ќе ги зголемат и желбите на Биковите – нивната привлечност ќе дојде до израз, а за тоа ќе бидат заслужни влијанијата на Уран и Сатурн. Биковите коишто се во врска/брак ќе сакаат да пробаат нешто ново, а слободните Бикови ќе се подготват за нова љубовна авантура.

Рак


Раковите ќе имаат многу убави љубовни моменти во овој период. Старата љубов може да биде нова, а она што ги повредило ќе биде заборавено и простено. Раковите не треба да се изненадат ако влезат во нова романтична врска.

Стрелец


Благодарение на Јупитер, планетата која владее со нив, Стрелците ги следеше среќа во текот на целата година. Сепак Нептун и Марс во текот на новогодишните празници ќе им донесат голема среќа во љубовта. Слободните Стрелци ќе направат трансформација на изгледот и ќе запознаат многу нови луѓе.