Секој ден посветете само 10 минути за уредување на просторот во кој живеете, ќе бидете посреќни, а и чистењето многу побрзо ќего завршите кога еднаш ќе дојде време за генералка.
Затоа постојат 5 корисни трикови за време на средувањето. За секоја од нив ќе ви бидат потребни помалку од две миути па така целата работа ќе биде готова за 10, а вие веднаш ќе се чувствувате подобро.
- Фрлете го ѓубрето
Немојте да дозволите ѓубрето од неколку дена да ви се собере во станот. Освен тоа што не е хигиенски и што тука се создаваат бактерии, ѓубрето (заедно со мирисот) шири и лоша енергија која ќе го гуши просторот околу вас. Затоа, изфрлајте го секој ден!
- Средете ја облеката
На крајот на секој работен ден средете ја облеката која сте ја носеле и не дозволувајте да ви се собираат еден куп пантолони, кошули и здолништа кои сте ги носеле во претходниот период. Наместо тоа, средете ги и ставете ги назад во ормарот и просторот веднаш ќе делува поуреден. Слично, одвојувајте ја и сезонската облека и кога ќе дојде време, ротирајте ја во вашиот гардеробер. Во таа прилика можете и да фрлите некоја облека која повеќе не ја носите – или уште подобро поклонете му ја на некого онаа облека која повеќе не ви е потребна или ви се смалила.
- Наместете го креветот
Можеби не сте биле во војска, но тоа не значи дека креветот треба да ви стои ненаместен, а постелнината изгужвана. Навикнете се секое утро, по облекувањето да го наместите креветот. Нема да ви треба многу време, а собата ќе биде поуредна.
- Измијте ги садовите
Ситуацијата е слична како со исфрлањето на отпадот. Освен тоа што не е хигиенски садовите да ви стојат неизмиени од претходните неколку дена и така да претставуваат легло на бактерии и зарази, кога еднаш ќе почнете да ги миете, така засушени, ќе ви треба многу повеќе време за да ги исчистите. Вака, миете ги садовите секојдневно, одма по оброкот и се ќе биде готово за некоја минута.
- Избришете прашина
Ви доаѓаат гости? Дури и да не се некои претерано педантни, прашината е она што прво ќе го приметат и почувствуваат гостите во нечив стан. Затоа, крпата во рака и секојдневно по малку бришете ги полиците со книги, витрината со слики, ноќната масичка… куќата веднаш ќе биде чиста!
Подготви: Наталија Јосифоска