Прецизен египетски хороскоп ја открива вашата личност и судбина до најситен детаљ

ИЗВОРНов Лист
|

Сите ние сме добро упатени во традиционалната астрологија, знаеме во кој знак сме родени и што сме во подзнак. Сепак, повеќето не знаат за египетскиот хороскоп, кој е еден од најстарите. Овој антички хороскоп открива можеби и многу повеќе од оној на кој сме навикнати. Пронајдете го вашиот датум на раѓање и навлезете во долго скриените тајни на вашата потсвест и судбината која ве чека.

Нил од 01.01 до 07.01 / од 19.06 до 28.06 / од 01.09 до 07.09 / од 18.11. до 26.11
Вие сте многу одлучна и посветена личност, како и самата река Нил. Целосно сте посветени на вашите цели и во животот можете да постигнете сѐ што ќе посакате. Амбициозни сте, силни и непоколебливи, исто како и самиот Нил.

Амон Ра од 08.01 до 21.01 / од 01.02 до 11.02
Амон Ра, врвниот бог, целосно ги отсликува вашите влијание и сила. Вашите најдобри особини се храброста и самодовербата. Вие сте родени лидери и еден ден оваа ваша улога целосно ќе се оствари.

Мут од 22.01 до 31.01 / од 08.09 до 22.09
Мут е кралица на боговите и египетска мајка-божица. Ако таа владее со вашиот знак, вие сте многу суптилни, дури и срамежливи. Сепак, вие сте и многу чувствителни, великодушни и внимателни. Вашата промисленост, трпение и желба да ги заштитите најблиските ве прават личност која сите лесно ќе ја засакаат.

Геб од 12.02 до 29.02 / од 20.08 до 31.08
Геб е бог на земјата, заслужен за сѐ живо што расте на овој свет. Вие сте многу привлечни, љубители на вистината и вредни. Искрени сте и луѓето зависат од вас, исто како што зависат и од земјата, која им го овозможува она што им е потребно за живот.

Озирис од 01.03 до 10.03 / од 27.11 до 18.12
Озирис е бог на смртта и подземјето. Ако сте родени во неговиот знак, вие сте многу мудри и остроумни. Вашето идеално занимање е започнување сопствен бизнис. Добри сте во донесување одлуки и лесно можете да навлезете во сечиј карактер.

Изида од 11.03 до 31.03 / од 18.10 до 29.10 / од 19.12 до 31.12
Изида е божица на здравјето, бракот и мудроста. Ако таа е вашата заштитничка, тоа значи дека и вие самите сте мудри, но и посветени и горди на сето она што сте го постигнале, бидејќи сето тоа сте го постигнале со сопствен труд.

Тот од 01.04 до 19.04 / од 08.11 до 17.11
Тот е бог на Месечината и мудроста. Тоа значи дека и вие сте многу интелигентни и добри во решавањето на проблемите. Сакате загатки и интересни филозофски прашања. Уживате во читањето и учењето, бидејќи ништо не цените повеќе од знаењето.

Хорус од 20.04 до 07.05 / од 12.08 до 19.08
Хорус е бог на небото, војната и ловот. Како него, ни вие не се плашите од ризици и секогаш целите високо. Многу сте верни и имате високи цели. Себеси веќе се гледате како иден крал.

Анубис од 08.05 до 27.05 / од 29.06 до 13.07
Анубис е бог на гробовите и мумифицирањето. Токму затоа, вие уживате во мирниот и тивок живот. Ја сакате самотијата и сакате да размислувате во мир и тишина за сѐ. Многу сте послушни и скромни во сето она што го правите. Луѓето сакаат да бидат во ваша близина заради вашата спокојна и смирувачка аура.

Сет од 28.05 до 18.06 / од 28.09 до 02.10
Сет е бог на невремето, злото, хаосот и војната. Личностите чии заштитник е тој се многу отворени, социјални и секогаш расположени за дружење и акција. Заради своите социјални контакти често можете да имате многу корист. Отворени сте, искрени и дружељубиви.

Бастет од 14.07 до 28.07 / од 23.09 до 27.09 / од 03.10 до 17.10
Бастет е божица на мачките, заштитата, радоста, музиката и пријателството. Вие сте многу тактична личност, која се трга од конфликтите и која носи примирје кога ќе дојде до расправија. Исто како што Бастет штити, така и вие имате потреба да ги заштитите сите луѓе околу себе.

Секмет од 29.07 до 11.08 / од 30.10 до 07.11
Секхмет е божица на плодноста, огнот и здравјето. Вие сте многу грижливи и чувствителни. Фер сте и чесни во сѐ што правите и верувате дека правдата секогаш победува на крајот. Исто така сте многу зборливи, внимателни и отворени. Заради сето ова, луѓето бескрајно се потпираат на вас.