Нема човек којшто не го гледал божиќниот филм „Сам дома“, а некои луѓе традиционално го гледаат секоја година. Иако не ви изгледа како да поминале 30 години од неговото снимање, сепак бројките ја говорат вистината, а главните актери веќе се многу променети.
Актерката Кетрин О’Хара на пошироката јавност ѝ е најпозната по улогата на мајката на Кевин во филмовите „Сам дома“, но оваа актерка има остварено и други бројни брилијантни улоги.
Американско-канадската актерка Кетрин исто така е добитничка на многу награди и признанија.
Таа пораснала во Торонто во големо семејство, а со комедиите почнала да се занимава во 1974 година во својот роден град. Добила главна улога во некое популарно шоу, а кон крајот на 70-те години го дала гласот на неколку анимирани филмови. На филмското платно дебитирала во 1980 година, а глумела покрај познатата колешка Мерил Стрип.
Потоа следела нејзината улога во божиќниот филм „Сам дома“, а неодамна и сама истакнала дека го обожува тој серијал.
„Го обожувам времето за време на празниците кое го поминувам со своите деца во гледање божиќни филмови. Морам да ги натерам да го гледаат „Сам дома“ исто така“, се пошегуваа актерката.
Додека била мала таа живеела со своите шест браќа и сестри, а таткото на Кетрин се облекувал како Дедо Мраз и ги забавувал сите нив.
„Истото тоа го правевме јас и сопругот за нашите деца. Тој ќе се облечеше како Дедо Мраз и ќе ги забавуваше сите“, раскажала актерката.
О’Хара денес активно глуми, а во текот на својата завидна кариера освоила Златен Глобус, Еми награда, САГ и канадската нагдада Скрин.