Филип Пецовски е уште еден Македонец кој настапи на сцената на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Момчето е навистина талентирано па и двете песни „Адио аморе“ и „Волим осмех твој“ ги испеа одлично.Но, тоа поради што ќе биде долго запаметен е неговиот енергичен настап со кој ја крена публиката на нозе.
Завреме на целиот негов настап во студиото ечеа аплаузи и овации, а членовите на жирито кои не можеа да го видат, беа во транс. Позитивно го оценија неговото пеење, но прашуваа што е толку посебно во ова момче, поради кое публиката буквално полуде.
Затоа, директорот на Гранд одлучи да ги промени правилата и дозволи дури и откако се отвори ѕидот, нашиот Филип уште еднаш да ја испее песната за жирито да види за што станува збор. Меѓу Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ и Ана Бекута кои сакаа да му бидат менторки, тој направи интересен избор.
Тој за свој ментор ја одбра Јелена Карлеуша која деновиве е главна тема во сите медиуми.
Во емисијата „Ѕвезде Гранда специјал“ беше пуштен прилог како Јелена ги подготвува кандидатите за следниот настап.
Меѓу нив прв беше и Филип кој уште еднаш ја воодушеви Јелена.
„Она што го прави поразличен од чистиот шоумен е тоа што убаво пее и што има убава емоција. Тоа е ретко, јас такво нешто никогаш немам видено. Те одбрав тебе, затоа што таков како тебе на балканската сцена не постои. Знаеш дека мислам дека македонскиот јазик е секси“ истакна Јелена.
Пејачката го праша дали може да прави склекови и да „пее“, па Филип одлучи пред сите да го прифати овој предизвик и да проба.
Како беше на час по пеење кај Јелена погледнете во видеото кое следува.