Пред нас е викенд без ДДВ: Што ќе купуваме поевтино?

|

Ќе биде воведен викенд без ДДВ, најави денеска премиерот Оливер Спасовски, објавувајќи го третиот сет економски мерки, кои беше одобрен од Владата, а кој се однесува на директна парочна помош за граѓаните. На прес-конференцијата, тој истакна дека ова се прави со дел да се поттикне потрошувачката пред се на домашни производи, од домашни компании.

-Преку пониски цени поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Со ваквата мерка се очекува дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе треба да се слеат во македонското стопанство, изјави Спасовски.

Детално третиот сет мерки се однесуватат на ревитализација, на опоравување на економијата и стимулирање на потрошувачката и на индустријата. Тоа се таргетирани мерки, директна помош од државата и на граѓаните и на стопанството. Се подржуваат сите категории, и социјално ранливите групи и бизнисите.Станува збор за директна финансиска поддршка на граѓаните, за заживување на стопанството, награда за здарвственте работници, истакна премиерот Спасовски.

Тој рече дека е заклучено дека првиот и вториот сет мерки беа навремени и сериозни за спас на работните места, никој да не биде изоставен и точно димензионирани со кои беа запрни трендовите кои се закануваа да бидат катастрофални.

-Претходните два сета мерки создадос услови за третиот пакет економски мерки кој има за цел да ги заживее,со нова динамика домашните економски дејности. Преку директна финансиска поддршка ќе се овозможи заживување на домашната економија со среднорочни и долгорочни мерки за ревитализација за да се зголеми потрошувачката и со новата развојна економија ќе ја зголемиме нашата конкурентост во регионот и пошироко. Во фокусот на сите три пакети се граѓаните, социјалната сигурност и креирање амбиент за полесно надминување на кризата, рече Спасовски.

Вредноста на третиот пакет изнесува 355 милиони евра за 730.000 корисници.