Одберете подарок за жена – Рак во хороскоп

|

Имате пријателка на која деновиве и е роденден и незнаете што да и купите ?

Чувствителната жена – Рак би сакала книга. Уште подобро, подарете и поема што сте ја напишале своерачно со мастило на пергамент хартија – таа ќе ја чува засекогаш.

Со овој знак владеат и бисерите и среброто, кои ќе ја истакнат нејзината деликатна, проѕирна кожа. Ако купувате бисери, одберете ги најдобрите што можете за вистински да го израдувате вашиот мал рак кој е морско суштество.

Ако сте нејзин љубовник, добар подарок е и ѓердан со привезок со скриена фотографија. Вметнете фотографија од себе внатре и врежете го „Те сакам“ на задниот дел.

Ако и купивте ноќница, одберете свиленкаста во бисерно бела или чадена сино-сива боја, обрабена во чипка.
Закажете и фотосесија кај фотограф. Пред сесијата, закажете и средба со врвен стилист за коса и шминка. Тоа ќе биде вистински хит подарок!

Испратете бели рози, акантус или гарденија.
Нејзините вештини за готвење се познати, па одберете неколку нови кујнски уреди за неа. Тука имате бескрајни опции, па дури и практичните идеи се добри. Бакарни садови, комплет ножеви, дрвена чинија за салати, електричен вок, машина за капучино…
Ако ги познавате нејзините омилени бои, купете сет на дизајнерски чаршафи.

Жената Рак е сентиментална, така што сребрените или стаклените свеќници би биле одличен подарок.