Предлог за Божиќен ручек: Пилешко во сос од бело вино

|

Доколку сеуште н знаете каков превкусен ручек да направите за божиќната трпеза или пак немате доволно време, во продолжение ви претставуваме одличен предлог за брз и лесен ручек!

Потребни состојки: 4 парчиња бело пилешко месо, 40 г брашно, сол, бибер, по желба

Сос: 100 г путер, 1 главица црвен кромид, лук, 50 г грашок, 3 лажици сок од лимон, сол, бибер и бело вино.

Начин на подготовка: Исечете го месото на половина и секое парче израмнете го со чекан за месо. Подгответе го брашното и зачините, месото извалкајте го во смесата и пржете на средна температура во врело масло, околу 3 минути или додека месото не зарумени.

За сосот одвојте 50 г путер, стопете го на умерена температура во тава. Испржете го кромидот, па додадете го и лукот. Потоа додадете ги грашокот, лимоновиот сок и малку бело вино. Оставете месото и зеленчукот полека да се варат додека течноста на испари, околу пет минути.

Намалете ја температурата и додадете го преостанатиот путер додека целосно не се стопи. На крајот зачинете со сол и бибер.

Може да додадете и печурки, или да го послужите месото со пире.