Предлог ручек: Шпагети во доматен сос со 3 вида на сирење

|

Времето е топло и веројатно не сакате да се прејадувате со тешка и мрсна храна, па доколку се мислите што вкусно да направите денес, ние ви претставуваме рецепт за шпагети во доматен сос со 3 вида на сирење кои се подготвуваат брзо и лесно, за само 30 минути а сите ќе ги обожаваат…

Состојки: 300гр шпагети, Вода и сол за варење, Сос од домати, 500гр зрели црвени домати, 1/2главица кромид, По желба 1,2 чешниња лук, 2 лажици маслиново масло, 1/2 лажиче оригано, Свеж босилек, неколку ливчиња, 1/2 лажиче шеќер, 1 лажиче сол, Малку свежо мелен бибер, Беби моцарела, коцки биено сирење, коцки бело сирење или кашкавал и свеж босилек за декорација.

Подготовка: 1. На загреано масло го запржуваме ситно сецканиот кромид. Измиените домати ги лупиме и ги сецкаме на коцки. Ги ставаме кај кромидот. Поклопуваме и оставаме на тивок оган да крчка околу 30,35 минути со повремено промешување. Додаваме зачини и ако има потреба сосот го поминуваме со стапчест миксер, за мазна структура.

2. Во посолена вода ги вариме шпагетите според упатството. Ги процедуваме и ги додаваме кај сосот. Соединуваме и топли ги сервираме во две чинии. Додаваме од сирењата и послужуваме. Добар апетит!

Извор: Мои рецепти