3,20 промили a седнал пред волан- предновогодишно загревање на несовесен возач

ИЗВОРТелма
|

Возач кој имал 3,20 промили алкохол бил сопрен во полициските контроли минатата ноќ. МВР ја објави фотографијата од „подвигот“ на несовесниот возач и соопшти дека не бил единствен кој со испиен алкохол наместо да мирува седнал пред воланот за да вози автомобил.

Повторно најмногу алкохолизирани возачи се откриени во Скопје, а не се даваат ниту градовите Битола, Прилеп, Ресен кои се на територија на СВР Битола.

Пред две недели, возач во Македонија бил фатен со 4,14 промили алкохол, што е рекорд откако почнаа акциските контроли на сообраќајната полиција како синоќешната.

-Во текот на вчерашната вечер (24/25.12.2021) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 175 возачи. Од нив, 48 на територијата на СВР Скопје, 35 на територијата на СВР Битола, по 17 на територија на СВР Охрид и СВР Струмица, 15 на територија на СВР Штип…, соопшти МВР.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.