Во текот на вечерните и ноќните часови од запад ќе започнуваат врнежи од СНЕГ.
Инаку, како што најавивме, утре врнежите од снег ќе се прошират и во останатите предели, а ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат во западните предели каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а истата на планините ќе се зголемува. Мала снежна покривка ќе се формира и во останатите места, освен во централните и во југоисточните предели. Ќе започне да дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Утре температурите ќе бидат значително пониски и максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени.
Потоа за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе има услови за слабо и локално провејување на снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени.
И во Скопскиот регион утре ќе има повремени врнежи од снег, каде е можно формирање на потенка снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 4 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki