Предвидено 7.500 семејства од ранливите категории да добијат намалени сметки за струја

ИЗВОРНов Лист
|

Според денешната најава, државата ќе им помогне на граѓаните и стопанството да ги надминат последиците од енергетската криза, за што веќе постојат конкретни мерки и средства во Буџетот.

-60 милиони денари се насочуваат за субвенционирање на сметките за струја на околу 7.500 семејства од ранливите категории. Во Буџетот предвидени се средства за конкретни антикризни мерки за помош на граѓаните и стопанството, мерки што ќе реализираат во текот на оваа година, посочи Лукаревска додавајќи дека растот на цената на струјата од 9,48 отсто е далеку пониско од оние првични проекции и далеку пониско од поскапувањето на електричната енергија во многу други држави во Европа.