Прегазен пешак во центарот на Скопје, со тешки повреди е однесен во болница

|

Вчеравечерта во 20,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„ВМРО“ во Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(34) од Скопје, удрило во С.П.(33) од Словачка.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот С.П., констатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’“, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.