Прегазен велосипедист во Карпош 4, каде пред повеќе од година загина и возрасен маж

|

Уште еден велосипедист прегазен во Карпош 4 во близина на трговскиот центар Антико, на истиот пешачки премин каде пред повеќе од година дена, загина возрасен човек.

Засега не е позната состојбата на прегазениот. На терен е излезена полицијата која треба да почне со увид.

За потсетување пред неколку месеци исто така пред трговскиот центар Антико беше прегазено дете, по што дојде до инцидент и тепачка.

Извор/Фото: Скопје1