Прекин во сообраќајот на патот Велес – Штип заради знимање спот и прекин преку пругата на патот Гостивар – Чајле

ИЗВОРНов Лист
|

Денеска од 6:00 до 13:00 часот ќе има повремени прекини на сообраќајот на регионалниот пат Р1321 – Велес-Штип Поради снимање рекламен спот .

Како што информираат од продукцијата што го снима спотот, сообраќајот ќе биде во прекини во временски интервали од по пет минути.

Ќе се интервенира на преминот на железничката пруга на регионалниот пат Гостивар – Чајле, со почеток во 8 часот, при што додека се изведуваат градежните работи, сообраќајот ќе биде целосно блокиран, информираат од Општина Гостивар.

Тие ги замолуваат граѓаните да користат алтернативни улици. Работите се изведуваат во соработка со ЈП „Македонски железници“.