Жените на кои, за време на годишниот одмор, ги мачи количината на тестостерон во нивната непосредна близина наскоро ќе можат да летуваат и да зимуваат на остров каде на мажите им е забранет пристапот.
Островот SuperShe (СуперТаа) ќе се отвори недалеку од брегот на Финска, а она што ќе им се нуди на посетителите ќе биде ориентирано на здравјето. Посетителите ќе може да се занимаваат со јога, медитација, подготвување здрава храна и фитнес. Основачката на проектот Кристина Рот, ја добила идеја откако неколку години од својот одмор ги поминала во Ашрам во Калабасас во Калифорнија и блискиот ранч во Малибу. Рот вели дека уживала во двете искуства, но присуството на мажите и пречело во опуштањето.
„Секогаш кога ќе се појавеше некој згоден маж, жените се шминкаа”, вели таа. „Кога ќе дојдете во SuperShe, фокусирајте се на себе, немојте да се обидувате да го подигнувате нивото на вашите хормони”.
Кристина одлучила да го смести одморалиштето покрај Финска откако се заљубила во Финец. „Неговите родители поседуваат остров во архипелагот, а тој секогаш ми зборуваше дека соседниот остров е на продажба”, објаснува Рот. „Му реков дека не сум заинтересирана. Само што го купив земјиштето на островите Туркс и Кајкос, навистина не сум заинтересирана”.
Меѓутоа, кога го видела островот, се заљубила. Иако изгледа дека Рот сака да ги исклучи мажите, таа инсистира дека не ги мрази и дури ја оставила отворена опцијата да еден ден им биде и нив дозволено да дојдат на SuperShe.
Сега за сега, на островот престојувале само пријателките на Кристина, меѓутоа тоа ќе се промени во јули оваа година, кога SuperShe ќе почне да прима гости. Рот вели дека секоја гостинка ќе биде посебно проверена, а износот кој ќе мора да се плати за престој на островот допрва треба да биде откриен.
„Сакам да ја проверам личноста која ќе дојде за да бидам сигурна дека добро ќе се прилагоди и дека ќе се согласуваме, но не сакам да бидам елитистка”, објаснува Рот.