Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер одиграа еден од најдобрите, најдраматичните и најспектакуларните натпревари во историјата на тенисот. По пет часа неверојатна игра, Ѓоковиќ победи и дојде до својот 16. грем слем, односно петти Вимблдон.
По толку долг натпревар, камерите успеале да го снимат Ѓоковиќ со својот син Стефан, кој беше видно уморен откако долго го гледал натпреварот.
– Уморен мој сине. Ти благодарам што ме чекаше – му рече Новак на синот по натпреварот пред да го бакне, продолжувајќи со него во соблекувалната.
Видеото од средбата меѓу Новак и синот можете да ја погледнете ТУКА.
Извор: деца.мк
Не беше со него на централниот терен: Новак Ѓоковиќ откри каде беше Јелена Ѓоковиќ за време на финалето
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Грен слемот Вимблдон, откако во финале во пет сета го совлада Роџер Федерер.
Во меч кој траеше речиси пет часа, за прв пат на Вимблдон беше применето правилото да се игра тај-брејк во петтиот сет по 12:12 во гемови. Конечниот резултат е 3-2 за Ѓоковиќ.
Сопругата на Новак, Јелена Ѓоковиќ не беше на централниот терен, но преку социјалните мрежи се огласи и откри колку горда е на сопругот. Новак Ѓоковиќ откри каде била неговата сопруга за време на финалето на Вимблдон.
– Мојата сопруга и ќерка се во Лондон, но се дома. Им праќам една голема прегратка. Ве сакам и се гледаме наскоро- изјави Ѓоковиќ по подигнувањето на пехарот.