Прекрасна трудница: Катарина Ивановска во бикини го покажа нараснатото трудничко стомаче (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Летните сезони и одмори се полн во ек, а високите температури придонесуваат уште повеќе да посакаме да сме некаде на плажа.

Во зависност од обврските и активностите, некои од македонските јавни личности веќе беа на одмор, а некои сега уживаат на некое прекрасно место.

Бремената Катарина Ивановска спасот од жешките температури го бараше во Шпанија, од каде што објави фотографија во костим за капење и го покажа трудничкото стомаче.

Таа заедно со своето синче Вања позираше на оваа егзотична дестинација, а своите фанови ги израдува со неколку фотографии.

Меѓутоа, одморите и полнењето на батериите не завршиле. Имено, Иванова деновиве повторно ги полни батериите и тоа во Грција.

Моделот која и одлично знае да си ја работи својата професија, повторно позираше на егзотично место.

Во бикини, Катарина го покажа своето нараснато трудничко стомаче.

Веруваме дека Ивановска ќе ги наполни батериите и ќе се подготви за своите активности, но и за тоа повторно да биде мајка. Имено, Ивановска се уште не го откри полот на бебето.

За потсетување, Катарина и нејзиниот сопруг Цобе веќе го имаат синот Вања.

Извор: Вистина.мк