Некогашната бинго девојка и манекенка, Натали Грубовиќ, својот приватен живот го крие како змија нозете. Таа ретко се активира на социјалните мрежи, но овој пат новините кои и се случуваат ги откри нејзината постара сестра Радица.
Имено, на профилот на Инстаграм кај Радица осамнаа семејни фотографии од прослава по повод крштевка во Црна Гора каде е собрано големото семејтво.
Токму тие фотографии открија дека Натали по вторпат ќе стане мајка.
Нејзиното нараснато трудничко стомаче веќе се гледа, а од приложеното препоставуваме дека е кон средината од бременоста.
Облечена во тесен фустан кој го исцртува стомачето, убавата Натали блеска во блажената состојба.
Инаку, таа својата ќерка која го носи името Натали, по желба на сопругот, се породи кон крајот на месец септември 2017 година година, додека во 2016 заплови во брачните води со бизнисменот од Нови Сад, Дрен Глушац.