ПРЕКРАСНИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ОД СРЕДА ЦЕЛОСНО СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО, МНОГУ СОНЦЕ И ПРИЈАТНА ТОПЛИНА

ИЗВОРНов Лист
|

Нестабилното време ќе се задржи до самиот крај на денешниот ден а локална нестабилност ќе имаме уште утре кога ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално сеуште ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Веќе од среда под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а утре кон крајот на денот и навечер и во среда и тоа особено Долж Повардарието ЗАСИЛЕН ветер од северен правец.

Сепак температурите ќе бидат релативно пријатни, што значи не се очекуваат екстремно високи температури. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 22 степени, додека нешто посвежо утро ќе имаме во четврток кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 19 степени во најтоплите предели.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

И во Скопјскиот регион од среда ќе имаме целосно стабилизирање на времето и многу повеќе сонце. Сепак утре кон крајот на денот и навечер, како и во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 29 степени.

Овие денови УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент околу 10).

Одсега гледано, нов изразен топлотен бран со потекло од Африка, нашата територија треба да ја зафати некаде од околу 25, 26 јули. – Состојбата ќе се следи.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.