Прекрасни, ведри и позитивни: Во овој хороскопски знак се раѓаат најубавите жени

ИЗВОРНов Лист
|

Убавината зависи од многу критериуми кои не се исти за сите, а често нема поврзаност со физичкиот изглед, туку со убавината која зрачи одвнатре.

Наводно хороскопот, кога станува збор за женската убавина, посебно им е наклонет на Вагите.

Вагата често се смета за најубавиот хороскопски знак, а обично ја краси и вродена елеганција. Почесто од припадниците на другите знаци имаат симетрично лице, совршено обликувани усни, убави очи, бемки, симпатични дупки на образите што ги прават различни, егзотични и на крајот, попривлечни од другите.

Покрај тоа, жените родени во овој хороскопски знак имаат изразена смисла за хумор, многу се ведри и позитивни личности, па сите сакаат да бидат во нивното друштво.