ПРЕКУ „САЕМОТ НА КНИГА“ УНГАРИЈА ЌЕ ЈА ПОТВРДИ УСПЕШНАТА СОРАБОТКА СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ИЗВОРСкопје24
|

„Културата е најдобриот начин да ја доближиме Унгарија пред македонскиот народ со кого имаме четврт век успешни билатерални односи, а Саемот на книгата е еден од најзначајните културолошки настани во областа на книжевноста, а секако покрај книжевноста имаме подготевно низа проекти преку кои ќе се претставиме и тоа во
областа на музиката, танцот, фотографијата, гастрономијата и научни сознанија.“ – изјавиja од амбасадата на Унгарирја во Република Северна Македонија во пресрет на 31-от Меѓународен саем на книгата.

Во соработка со Скопски Саем, Унгарија и унгарската книжевност ќе бидат во фокусот на 31-от Меѓународен саем на книгата во Скопје кој ќе се одржува во период од 8. до 14. мај воcВИП Арена Борис Трајковски. На специјализираниот унгарски штанд, посетителите ќе имаатcможност лично да се сретнат со авторите Едина Сворен и Ласло Багоши, како и соcмакедонските преведувачи на унгарската литература Паскал Гилевски и Златко Панзов.

Покрај врвните унгарски книги, ќе биде изложена и изложба на илустрации од современиcунгарски детски книги.

Околу 70 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска сеcдел од ова издание на Меѓународниот саем на книгата. Сите значајни издавачки куќи одcземјата ќе земат учество и покрај редовните штандови, имаат подготвено програма која изобилува со промоции, тркалезни маси и настани.

По повод оджувањето на Саемот на книга, во соработка со ЈСП, за полесен пристап на посетителите на Саемот на книга, се воведуваат две нови линии, 100 и 200. Линијата 100 ќе сообраќа од населба Ново Лисиче до ВИП Арена Борис Трајковски, додека линијата 200 ќе сообраќа од населба Дексион до ВИП Арена Борис Трајковски. Цените на автобуските билети е според официјалниот ценовник на ЈСП.

Влезница за Саемот на книга чини 30 денари, додека за организирани посети на ученици е 20 денари. Работно време на саемот е од 10.00 до 20.00 часот.