Премиерот Димитар Ковачевски се појави во авионот со кој македонската фудбалска репрезентација одлета кон Португалија.
Тој им посака среќа на фудбалските херои и им вети премија од 500.000 евра за победа на „Роналдо и екипата“ и пласман на Светското фудбалско првенство.
Македонија во Палермо направи едно чудо против актуелниот европски првак, па на ред е второто против претпоследниот континентален владетел предводен од најдобриот стрелец на сите времиња во светскиот фудбал Кристијано Роналдо.
Триумфот на „Ренцо Барбера“ е мотив за уште подобар меч, иако на „Драгао“ нѐ чека двојно потежок, против извонредна селекција, преполна со светски суперѕвезди кои имаат неверојатен индивидуален квалитет. Но, оваа генерација на Македонија покажа дека фаворити не признава, а докажа дека со верба во себе и невозможното е возможно.
Останува во вторник да излезат на терен и шансата која им се отвори да ја искористат на најдобар начин за да напишат нова историја. Утре Македонија ќе го има официјалниот тренинг пред мечот, а дуелот се игра задутре од 20.45 часот