Премиерот Ковачевски најави покачување на пензиите

|

Новиот премиер на Македонија Димитар Ковачевски вчера учествуваше во емисијата „Само интервју“, при што ги искоментира најновите случувања во земјава.

Јас сум на страна на работниците. Секој работник заслужува еден ден да биде слободен и да биде со своето семејство. Секако, имам предвид дека постојат индустрии кои не можат да затворат во недела. Ќе разговараме со сите засегнати страни и ќе најдеме решение, кажа премиерот и претседател на СДСМ, Ковачевски.

-Во однос на пензиите, следува покачување. Веќе ги правиме анализите и ќе ги повикаме здруженијата на пензионери и заедно со Министерството за финансии и согласно расположивите буџетските средствата ќе обезбедиме зголемување на пензиите. Буџетот е комплетно ликвиден, а Пензискиот фонд има пари со кои располага, додаде тој.