Премиерот Ковачевски одговори дали и догодина ќе има субвенции за струјата

|

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека и идната година ќе продолжи субвенционирањето на електричната енергија за да не се дозволат ценовни шокови.

Според Ковачевски, непречено снабдување со струја мора да се обезбеди, но и цената треба да биде издржлива.

-Во Европа веќе има голем број бизниси од индустриските сектори кои не функцуионираат. Ние не сакаме да дозволиме тоа да се случи и кај нас иако ни претстои исклучително тежок период, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.

Премиерот уште еднаш кажа дека до почетокот на ината година нема да има поскапување на струјата, но, ако се подгледнат сите влезни параметри, нагласи, на сите им е јасно дека цените од идната година ќе бидат во пораст.

-Идната година државата повторно ќе ја субвенционира електричната енергија и нема да дозволи ценовен шок, подвлече премиерот.