Има индиции за грозоморен криминал кој е мултипартиски и мултиетнички. Државата никој нема да заштити и сите кои го прекршиле законот, но и етичките норми, ќе бидат казнати.`
Сомнежнот за терапиите што ги примаше мајка ми започна кога и по примање на четвртото „хемо“ не ѝ падна косата… Вака Гоце Мојсиевски раскажува за искуството на Онкологија, кога со надеж дека неговата мајка ќе ја добие битката со канцерот, таму ја носел за да се ислекува, но пред неколку месеци починала од рак на дојка. Тој смета дека деветмесечната битка низ болничките ходници завршила со трегедија токму поради терапиите, а велејќи дека е гневен и дека болката никој нема да ја надомести, бара одговорност.
Ова е само едно од низата сведоштва на блиски на починати пациенти кои на социјалните мрежи прашуваат дали денеска тие ќе биле живи ако немало кражба на лекови, сомнежи кои сега се во предистражна постапка во Обвинителството. „Дали сме примале целосна терапија, што ни ставале на Онкологија?“ пак, е најчестото прашање на групите на „фејсбук“ кои онколошките пациенти ги користат за совети и за информирање, а дел од нив пишуваат дека и сега недостасува терапии.
Во меѓувреме, првиот човек на Владата вели дека секој криминалот има име и презиме, како и дека првпат во дваесет години има ваква акција на Онкологија. Упатувајќи поддршка до органите на прогонот кажа и дека Владата нема да интервенира во однос на заштита на било кого, а порача и дека не треба да се прави сензационализам, посочувајќи дека ваквиот тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен.