Македонскиот премиер Зоран Заев на папата Франциско му подари реплика од теракотна икона од 6 или 7 век, од археолошкиот локалитет Виничко Кале. На иконата е аплициран Победничкиот крст на Византискиот император Константин кој го легализирал христијанството со Миланскиот едикт од 313 година.
Заев во доцните попладневни часови на скопскиот аеродром учествуваше во свеченото испраќање на Неговата светост Папата Франциск кој денеска беше во еднодневна, историска посета на нашата земја.
На испраќањето, премиерот Заев на Светиот Отец Папата Франциск му подари реплика од теракотна икона од 6 или 7 век, од археолошкиот локалитет Виничко Кале. На иконата е аплициран Победничкиот крст на Византискиот император Константин кој го легализирал Христијанството со Миланскиот Едикт од 313 година.
Папата Франциск, и бројната делегација на Католичката Црква и на Ватикан, ја завршија посетата со богата програмска содржина која вклучи средби со државниот врв на Република Северна Македонија, средба со сиромашни граѓани, со свештениците и верниците на Католичката Црква во нашата земја, како и света литургија на која присуствуваа неколку илјади граѓани од земјата, од регионот и од повеќе европски земји.