Прмиерот Заев – Субвенции за сите, не само за албанците

|

Субвенции ќе има за сите граѓани во земјава без оглед на националноста и сите ќе имаат еднаков пристап до субвенциите, одговори Премиерот на Заев на новинарско прашање на прес-конференцијата со Мила Царовска за националната платформа за учење.

Темата за субвенции стана актуелна откако Артан Груби завчера најави дека ќе се субвенционираат компаниите кои ќе вработат Албанци или припадници на другите помали етнички заедници.

„Сакам да ја расчистиме маглата. Субвенции ќе има и за Македонци и за Албанци и за Турци и за Срби, Власи, Роми, Бошњаци. За сите во нашата земја и тие ќе бидат еднакво организирани за сите граѓани“, изјави Премиерот на денешната прес-конференција.

Според Заев, Владата ќе подготви стратешки инвестиции со кои ќе се придонесе за вработување на граѓани без разлика на која етничка заедница припаѓаат. Како пример го наведе Тутунскиот комбинат Куманово, „да ја реактивираме дејноста на тутунот и да се вработат граѓани од целиот регион на Куманово, и Албанци и Срби и Македонци, се разбира, секој според своите квалификации“.
Тој исто така го наведе и проектот за дигитален центар во Општина Карпош за вработување млади луѓе со информатички технологии.