Пејачката и харфистка Сара Мејс ужива во времето поминато со својата ќерка Илина, која пред неколку дена наполни 7 месеци.
На Инстаграм, таа често објавува фотографии од својата ќеркичка.
Сара и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски станаа родители на Илина лани во септември. Во нивната омилена активност, времето поминато во природа и на планина, сега ги дружи и Илина.
„ Додека бев бремена, постојано некој ме плашеше, вака ќе биде или онака ќе биде. Првата група на луѓе ми велеа: рано ви е за дете, зошто уште не шетате, втората група ми раскажуваше колку е тешко, а трети ми велеа дека е ова најубавиот период. И во право беа третите, јас сум во таа група. За сега одлично се снаоѓаме со Илина, целта ги оптавдува средствата. Кога спие по четири часа без да се разбуди, ми фали“, ни раскажа Сара неодамна.
На фотографиите се гледа дека Илина многу наликува на својата мајка.
Сара пред неколку дена се пофали на социјалната мрежа Инстаграм и дека е плус-сајз модел.
„Плус-сајз модел! Одсекогаш сакав да бидам пополничка. А и сакам да си ручкам. Благодарение на „Дерма бела“ и начинот на кој го третираат моето тело (веќе последните два месеци) не се срамам од мојата постпартум тежина и изглед – пишува Сара Мејс.
На фотографијата коментираше и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски кој пак и даде само комплименти, велејќи дека не знае што е плус-сајз и дека изгледа одлично.