Сите додека готвиме се случува да направиме грешка, па така да пресолиме некое јадење.
Сепак, има спас за пресолената супа, а истото важи и за пресолена чорба.
Ставете парче сиров компир во неа, а тој ќе ја впие солта.
Прочитајте и едноставен рецепт за кафеанска телешка чорба ќе ги засени сите оние кои досега сте ги пробале
Телешката чорба се чини дека е највкусна токму во кафеаните. Но, овој рецепт кој можете да го припремите и дома ќе ги засени сите кафеански чорби кои досега сте ги пробале.
Потребни состојки: – 500 гр. телешко месо од бут или врат
– 1 главица црвен кромид
– 2 моркови, пашканат, магдонос
– 1 корен од целер
– 2 компири
– 1 дл. масло за јадење
– 2 лажички брашно
– 2 дл. кисела павлака
– 1 жолчка
– сол, бибер, ловоров лист
Начин на припрема: 1. Ситно исечкајте го црвениот кромид и пропржете го на масло.
2. Додадете го месото исечкано на коцки (со коските, доколку ги има), додадете вода која ќе го прекрие месото и варете на тивок оган околу 1 час.
3. Потоа додадете го зеленчукот исечкан на коцки, додадете сол, бибер и ловоров лист и налијте околу 2 литри вода.
4. Направете запршка од две лажици брашно, па сè заедно гответе уште половина час.
5. Пред сервирање, во чорбата додадете павлака со изматена жолчка и додадете го ситно исечканиот магдонос.
6. По желба, телешката чорба може да се консумира со малку оцет или лимонов сок.