„Преспавци“ во издание какво никогаш не сте ги виделе на Бубамара -Талат е тотално непрепознатлив

|

На вчерашната „Златна бубамара“ актерите од Преспав беа „скоцкани“ од глава до пети, а имаа и зошто.

Екипата на „Преспав доби не една, туку две награди, за ТВ проект на годината, а пак уште една награда замина на рецепција, односно во рацете на Јелена Јованова која доби награда за актерка на годината.

Откако со право се пофалија на социјалните мрежи, не заборавија да им се заблагодарат на сите поддржувачи.

-Фала на поддршката и љубовта. Фановите на „Преспав“ се најдобри. Се гледаме! – порачаа преку својата фан страница на Инстаграм, а ние можеме да возвратиме дека со нетрпение ги очекуваме повторно во нивното автентично светло.