Престижниот магазин Форбс за Тамара: Вистинскиот човек со вистинска порака за еднаквост

ИЗВОРСкопје24
|

Престижниот Форбс со пофални зборови за нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска. Тие истакнаа дека со нејзиниот одличен настап ја направија Македонија горда.

Тие велат дека „Proud“ е песна која носи силна порака, ставајќи ги жените во преден план и многумина ширум Европа веќе ја нарекуваат и химна на феминизмот. Сепак Тамара објаснува дека оваа песна не е само за жените, туку баш напротив „Proud“ е песна за сите они на кои им било кажано да ја спуштат главата доле.

За Македонците кои гледаа Евровизија оваа година беше невројатен емоционален ролеркостер. Македонија водеше речиси цело време додека беа давани гласовите од жирито. Велика Британија, Албанија, Австрија, Данска и Швајцарија и дадоа 12 поени на Тамара. Со пораката која ја носи „Proud“ беше полн погодок и им беше фаворит на многумина, вклучувајќи го Бој Џорџ.

Целиот текст на Форбс прочитајте го ТУКА.

Тамара јавно ѝ се извини на Невена

Тамара Тодевска го донесе највисокиот пласман на Македонија на Евровизија, а за случката со Србија има и нејзин коментар.

Пејачката признава дека овој Евросонг за нејзе бил неверојатно искуство. Исто, многу ѝ се допаднал настапот и песната на Невена и смета дека е неправда што Србија не доби поен од македонското жири.

„Песната е прекрасна, Невена беше неверојатна. Иако не знаев за кого ќе гласа жирито, би сакала да ѝ се извинам. Невена дефинитивно заслужи поени од нашето жири“, изјавила Тамара.