Претседателот во заминување го прими Папата во вилата на Водно, рака му пружи и новиот шеф на државата

ИЗВОРСкопје24
|

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск утрово пристигна во претседателската Вила Водно каде што треба да има обраќање пред државните власти, дипломатскиот кор и претставници на граѓанското општество.

Папата изутрината околу 8 часот слета на Скопскиот аеродром каде што беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, но и на традиционален македонски начин, со леб и сол.

Во делегацијата што го пречека светиот отец беа и вицепремиерот Бујар Османи, шефот на дипломатијата Никола Димитров и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

По официјалната церемонија во Вилата Водно, папата ќе има средба и со верските лидери во Спoмен куќата на Мајка Тереза.