Претседателот Вучиќ и Џони Деп прегрнати: „Србија стана балкански Холивуд“ (ГАЛЕРИЈА)

ИЗВОРСкопје24
|

Холивудскиот шармер и еден од најпосакуваните актери Џони Деп повеќе од месец дена се наоѓа во Белград, Србија, каде се снимаат кадри од најновиот филм посветен на големиот воен фотограф насловен „Минимата“.

Медиумите постојано се обидуваат да фатат барем дел од атмостферата на сетот, но се чини залудно, бидејќи освен една фотографија од актерот тие немаат никаква шанса за пристап до самите сцени, кои имаат навистина големо обезбедување.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на социјалните мрежи се пофали дека се фотографираше со познатиот актер Џони Деп и порача дека Србија станала балкански Холивуд.

“Србија стана балкански Холивуд, благодарение на Уредбата за стимулации за странски филмски продуценти, која веќе четири години е во употреба. Многу филмски екипи доаѓаат во нашата земја, задоволни од условите, нивото на професионалност на режисерите и државната поддршка.Благодарение до Џони Деп што веруваше во нас и направи дел од својот филм во Србија “- Претседателот Вучиќ го посети денеска филмскиот тим на познатиот актер Џони Деп, кој е во Белград, каде што го снима” Минамата “врз основа на вистинска приказна”, напиша Вучиќ под објавената фотографија на Инстаграм.

Актерот во овој филм навистина изгледа непрепознатливо, но шармот е она што го издава. Досега само две пејачки од српската естрада се пофалија дека успејале да украдат момент со него и да уживаат во неговото друштво.