ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ ДОАЃА ИЗРАЗЕНИОТ СТУД – СНЕГОТ ДОАЃА ПОНЕКАДЕ И ВО ГРАДОВИТЕ – ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10

|

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог. На планините врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Локално ќе има услови и за нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени во најтоплите предели.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Инаки, како што претходно најавивме, под влијание на студена воздушна маса од север и тоа утре особено претпладне ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снежната покривка на планините ќе се зголемува, а формирање на снежна покривка ќе има понекаде и на повисоките места.

Поради заладувањето, и тоа особено во западните и северните предели услови за провејување на снег ќе има и на некои од пониските места. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 10 степени во најтоплите предели.

И во Скопскиот регион утре особено претпладне ќе има врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и на помала надморска височина и во Скопскиот регион. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека температурита ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа поради разведрувањето, особено студени утра ќе имаме во среда и во четврток, кога минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, а на планинските места истите има услови да се спуштат и под -10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki