|
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(60) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.
На 27.12.2021, полициски службеници извршиле контрола во патничко моторно возило „форд транзит“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.