Хрватската полиција во Пула спасила дете кое било оставено во автомобил на висока температура. Како што објавуваат хрватските медиуми мајка на детето, која го заборавила во кола, е од Македонија.
Детето било пренесено во болницата во Пула за укажување лекарска помош, со оглед на тоа што извесно време поминало во возилото. Кога го нашол полицаецот, детело плачело, било испотено и имало висока теленска температура, пренесуваат хрватските медиуми. Против 28-годишната државјанка на Македонија, кој го оставила детето во автомобил ќе биде спроведена кривична истрага.