Презентерот на временската прогноза на ТВ Сител се пофали дека е најдобриот на сите времиња

|

Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“. Денес, Спасе Јовановски е познат како еден од презентерите на временската прогноза на ТВ Сител.

Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска, момчето кое многу често и дома и на патувањата ја придружува, и и’ придржува – од чантата, до наметката или чадорот, и прави друштво, и и помага.

Спасе е вистински шмеќер на ТВ екранот. Така барем самиот си се пофали на социјалните мрежи, споделувајќи колаж фотографии од пред екранот каде ја презентира временската прогноза и кажува какво било денес и какво ќе биде времето утре и во наредните денови.