Верица Шерифовиќ, мајката на поп-пејачката Марија Шерифовиќ, се оперирала од р*к на дојката, кој ѝ бил откриен случајно за време на рутински преглед.
Верица минатата година откри промени на дојката и веднаш беше упатена на дополнителни анализи, при што ѝ бил дијагностициран канцер.
Марија беше очајна кога дозна дека мајка ѝ е болна. Веднаш ја однесе кај најдобрите стручњаци. Кога им кажаа дека р*кот е во почетна фаза и дека може да се реши оперативно, им олесна“, открил извор близок на пејачката, која постојано била покрај мајка си за која е многу врзана.
Кога слушнаа дека се’ е во ред, беа пресреќни. Оттогаш Верица оди на редовни прегледи и контроли, а веќе се врати и на настапите“, заклучува истиот извор.
Сега е сосема јасно зошто Марија најдобро ја разбра својата колешка Јелена Карлеуша кога мајка и’ Дивна по*ина од канцер на белите дробови.