Придржувајте се кон овие совети и со сигурност ќе победите во „натпреварот“ со кршење на јајца

ИЗВОРСкопје24
|

Велигден е најголем христијански празник на кој најмногу се радуваат децата кога треба да се кршат со јајца.

За да бидете убедено дека вашето јајце ќе победи придржувајте се на следните правил:

1. Одберете го јајцето кое има најшпицест изглед
2.Избегнувајте ги јајцата со сјајна лушпа, бирајте ги оние со мат боја.
3.Јајцата кои се малку постари се посилни од свежо снесените
4.При варење прво јајцето ставете го во сад а потоа прелијте со ладна вода и варете ги.


5. Во варење додадете сол, затворете со капак и оставете да се варат.
6. Кога ќе го тргнете тенџерето од оган оставете ги јајцата уште 20 минути да постојат во водата.
7. Кога ќе се оладат јајцата ставете ги во фрижидер за да се стегне белката.
8.За време на кршење со јајца, доближете ги прстите што е можно повеќе кон врвот на јајцео.
9. Не треба да се удира силно, полека, бидејќи така го штитите и своето јајце од кршење.

Понекогаш, колку и да внимаваме, при вапсувањето јајца се случуваат и незгоди и завршуваме со прсти обоени во сите бои.

Некогаш само сапун и вода не помагаат во отстранување на дамките. Можете да се обидете да истурите оцет во раката и да триете како со течен сапун. Повторете уште еднаш ако не успеете.

Втор начин е да се обидете со лимон. Тријте со парче лимон и бојата ќе се растопи и лесно ќе измиете после со сапун.

Можете да се обидете и со топла вода во која сте раствориле сода бикарбона. Потопете ги рацете околу три минути и потоа измијте со сапун.