Бракот на екс фудбалерот Душко Тошиќ и популарната српспка пејачка Јелена Карлеуша веќе неколку години е честа тема во балканските медиуми.
Најновата информација за Јелена и Душко ја откри српскиот креатор Саша Видиќ, кој е долгогодишен пријател на Карлеуша за еден магазин, со оглед на тоа дека во последно време има полемики за нивната врска.
– Јелена многу ја сакам и секогаш ќе бидам на нејзина страна. Таа е пред се голема пријателка, еднаш и згрешив, ја плукнав, но и се извинив поради тоа.Помина долг пат, прашање е дали ќе веруваме или не. Што сега да откривам глупости, жената е разведена, чао пријатно.
Сепак, Јелена реши да не молчи на оваа тема, па се огласи на Инстаграм.
– Го сакам Саша, но морам да демантирам. Не се разведов и не му удрив шамар на Душко или Лукас! Јас сум нежна жена, напиша Јелена и со тоа потврди дека се уште е во среќен брак.