Пријателот на Џони Деп (58), Исак Барух, се расплакал додека рекол дека наводите од неговата поранешна сопруга Амбер Херд (35) биле „злонамерни“ и „измамни“. Тој рече дека тие се рашириле низ светот и му го уништиле животот на актерот.
За време на неговото сведочење, поротата слушнала дека Барух живеел бесплатно во стан во сопственост на Деп помеѓу 2013 и 2016 година, лоциран веднаш до друг пентхаус во кој актерот и Амбер живееле сами, пишува Sky News.
Барух даде живописно сведоштво кое повремено предизвикуваше смеа во судницата, вклучувајќи ги и Деп и Амбер. Но, тој стана емотивен кога го прашаа дали е „лут“ на актерката.
– Не сум лут на никого. Ѝ посакувам се најдобро, да преземе одговорност, да заздрави и да продолжи… За Џони неговото семејство е целосно уништено од сите овие работи и не е … не е фер … не е во ред што направила и што се случило на толку многу луѓе засегнати со ова, лудо е како тоа се случи – одговори тој.
Барух го прашале што мисли за Амбер, а тој рекол дека сопругата на неговиот пријател е одлична и дека ја сака.
– Се заљубив во неа исто како Џони. Таа е полна со почит. Таа ме третираше со целосна почит и беше многу смешна. Постојано ми нудеше храна и пијалок кога ќе дојдам кај нив – рекол тој.
Барух рече дека Деп и Херд секогаш се сакале. Тој изјави дека никогаш не видел ништо лошо и дека пред него се скарале само два пати.