|
Пејачката Александра Пријовиќ, која неодамна го објави новиот албум, летото го поминува работно. Повеќето настапи се на црногорското приморје, каде таа има огромна публика.
Еден од нив се одржа вчера, каде публиката ја остави без текст познатата пејачка. Тие и скандирале: „Пријо, ние те сакаме“.
Пејачката не можела да го сокрие возбудувањето и емоциите, па почнала и да плаче.
„Бев уморна и не сум спиена. Меѓутоа, штом ве видов вас, се чуствувам како 10 дена да сум одмарала“ – рекла Пријовиќ која не можела да го сокрие солзите.
Видеото погледнете го ОВДЕ.