|
Принцот Хари пристигна на крунисувањето на својот татко, кралот Чарлс Трети и неговата сопруга, кралицата Камила.
Тој пристигна на церемонијата меѓу првите членови на кралското семејство, со неговите братучетки Евгенија и Софи и нивните сопрузи.
Принцот доби место во четвртиот ред, а не во десеттиот, како што се шпекулираше, веднаш зад неговата тетка – принцезата Ана. Тој бил добро расположен, но не комуницирал многу со никого, освен со братучедите.
Хари, кој се повлече од кралските должности во 2020 година, дојде на церемонијата без неговата сопруга Меган Маркл, која остана во Америка со нивните две деца, принцезата Лилибет и принцот Арчи.
Наводно, принцот Хари ќе остане во Лондон само неколку часа, а попладне ќе се врати во Монтесито.