На јужниот брег на реката Парамата во западниот дел од Сиднеј можат да се пронајдат остатоци од четири напуштени бродови.
Помеѓу нив е и “SS Ayrfield” кој дефинитивно се истакнува и претставува главна атракција на заливот Хомбуш кој привлекува безброј посетители.
https://www.instagram.com/p/BXqqaPehuCn/?utm_source=ig_embed
Бродот е направен во 1911 година и лансиран како “SS Corrimal”. Масивното пловило од 1.140 тони им служело на американските трупи за време на Втората светска војна како товарен брод за јаглен. Откако ја отслужил својата цел во период од 60 години, бродот бил повлечен, а подоцна бил испратен во Хомбуш за таму да остане засекогаш.
Хомбуш некогаш било прометно трговско место, а подоцна било претворено во бродоградилиште. Исфрлените бродови кои некогаш се користеле за превоз на јаглен и воени залихи биле оставени во заливот да плутаат и на крајот се распаднале.
Меѓутоа, “SS Ayrfield”, “SS Mortlake Bank”, “SS Heroic” и “HMAS Karangi” сè уште пловат по водата, а “SS Ayrfield” несомнено претставува величенствена глетка.
https://www.instagram.com/p/B00ppeIJ0sc/?utm_source=ig_embed
На бродот израснала цела мала шума, а крошните мангрово дрво буквално се прелеваат од бочните страни на бродот и прават тој да изгледа како недопрен пловечки рај.
Кога природата ќе создаде свое чудо, тоа е најубавата глетка на светот.