Природно е најубаво: Јелена од „Преспав“ со нов имиџ и без шминка

ИЗВОРСкопје24
|

Талентираната, шармантна и харизматична актерка Јелена Јованова која дополнително ги освои симпатиите на публиката со улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“, го промени имиџот, но покажа и како изгледа без грам шминка.

Имено, Јелена како што е ред се активираше на својот профил на Инстаграм и го покажа своето лице во едно поинакво светло – природно.

Во „Преспав“ ја гледавме со многу аксесоари на себе, колорит и шминка, па во ова издание изгледа како тинејџерка, иако е во четвртата животна деценија.

Кога пак се во прашање професионалните ангажмани, таа моментално снима нов филм кој е насловен „Опрости“, а освен тоа од септември почнува со снимањето на новите епизоди од многу очекуваната четврта сезона на „Преспав“.

Нема сомнеж дека публиката со нетрпение го чека производот во кој ќе ги гледа згодите и незгодите на газдите и вработените во пансионот на Преспанско езеро.

Извор: Вистина.мк