Времето ќе биде сончево со значителен пораст на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Во петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура. Во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.
Временска прогноза за март – ќе дојде ли конечно пролетта
Полека го завршуваме најмалиот месец во годината, а полека ќе навлегуваме во месец март.
Месец, кој знае да е променлив. Еден ден вистинска пролет, а еден вистинска зима. Ништо не изненадува во овој месец. Ниту дождот, ниту сонцето, ниту пак снегот. Таков ќе биде март и оваа година.
Времето ќе биде претежно облачно, а температурата највисоко се очекува да се искачи до 14 степени, и тоа при крај на месецот. Најниската се очекува некои денови да се спушти од два стапени под нулата.
Се очекуваат и дождливи денови.
Ова е деталната временска прогноза според AccuWeather.