|
Неготинец на возраст од 41 година е лишен од слобода, осомничен е дека физички ја нападнал поранешната сопруга, информираше денеска Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
-Синоќа во 23.45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода И.П.(41) од Неготино. Тој се сомничи дека физички ја нападнал неговата поранешна сопруга во нејзиниот семеен дом. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти Самарџиев.