Приведен бегалец од затвор, вратен во Идризово

|

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги синоќа го привеле И.К.(39) од с. Моин, гевгелиско.

Како што известија денеска од МВР, тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215. од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз наредба од Казнено – поправната установа, Затвор Идризово, поради бегство од затворот.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа каде што имал доиздржување казна од скоро четири години.