Приведен малолетник: Со родителот сакал да премине македонска граница

|

На 02.09.2023 во 12:05 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници лишиле од слобода малолетник од Гостивар затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека бил предмет на потрага по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

За настанот бил запознаен неговиот родител, со кој патувал, по што малолетникот бил предаден на полициски службеници од ОВР Гостивар за понатамошна постапка.